Сиљановска Давкова: Во Советот за безбедност ќе има експерти за глобални проблеми, за евроинтеграции и за климатски промени

t

Претседателката Гордана Сиљаноска Давкова најави дека наскоро својот Кабинет ќе го прошири со советник за внатрешна политика, како и дека ќе ги пополни трите места во Советот за безбедност со експерти за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени.

Како што истакна вечерва Сиљаноска Давкова во „Само интервју“, засега има само еден советник за надворешна политика, Жидас Даскаловски, иако може да ангажира уште четворица.

-Засега имам еден советник, за наворешна политика, тоа е Жидас Даскаловски, а пет може да се ангажираат според законот. Оние луѓе кои јас сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката. Велат дека во секое време ќе дадат совет, но без да се институционализира тоа. Но, ќе биде наскоро и за внатрешна политика, а ќе ги пополнам и трите места во Советот за безбедност. Мерам, сакам во Советот да има експерт за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени, нагласи претседателката Сиљаноска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице задржано во станица по убиството…

Министерството за внатрешни работи информира дека се…

Се сеќавате на Хакан Шукур? Ердоган му…

Хакан Шукур речиси една деценија не живее…

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја…

Втор круг од парламентарните избори во Франција,…

Во Франција денеска се одржува вториот круг…