Сиљановска-Давкова им го честиташе Божиќ на граѓаните: Да ги отвориме срцата и заедно да градиме благосостојба

t

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати срдечна честитка до сите православни христијани по повод големиот празник Божиќ. Таа посака празничниот мир да го завладее секој православен дом, нагласувајќи дека раѓањето на Спасителот е инспирација за добрина и меѓусебна помош.

Во својата порака, претседателката повика на соборност и солидарност меѓу граѓаните.

„Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество“, истакна Сиљановска-Давкова.

Претседателката упати честитки и до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, како и до претставниците на Евангелско–методистичката црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова им го честиташе Божиќ на граѓаните:…

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати…

Путин им го честиташе Божиќ на православните…

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава присуствуваше…

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански…

Божиќно послание на г.г Стефан: Сè што…

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно…

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре…

Православните христијански верници во земјава утре го…