Објавено на:

Путин им го честиташе Божиќ на православните верници, празникот го дочека со војниците

t

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава присуствуваше на православната божиќна служба во црква во близина на Москва, каде што ја поздрави, како што ја нарече, „светата мисија“ на руските војници да ја бранат татковината.

Православните божиќни служби во Русија традиционално се одржуваат околу полноќ и привлекуваат илјадници верници, иако Путин често присуствува на помали богослужби, вклучително и во катедралата во Кремљ.

– Руските воини отсекогаш, како по Божја заповед, ја извршувале мисијата да ја бранат татковината и нејзиниот народ, да ја спасуваат државата и нејзините граѓани, изјави Путин по службата.

Во божиќното обраќање, претходно објавено на веб-страницата на Кремљ, Путин ја пофали Руската православна црква и другите христијански вероисповеди за зајакнувањето на општественото единство и заштитата на историското и културното наследство на Русија.

Тој наведе дека верските организации се фокусирани на милосрдие и добротворност, грижа за ранливите категории и поддршка на учесниците и ветераните од војната во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

– Таквата важна и многу потребна работа заслужува најискрено признание, изјави рускиот претседател.

Путин присуствува на божиќни служби од 2000 година наваму, често надвор од Москва, но од почетокот на војната почесто го одбележува празникот во близина на главниот град, вклучително и во својата резиденција во Ново Огарјово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…

Форбс: Во услови на рекордни загуби во…

Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…