Сиљановска-Давкова: Историската вистина за Холокаустот на македонските Евреи мора да се зачува

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше при посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска.

На средбата присуствуваа и директорот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио, како и Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов.

Сиљановска-Давкова предупреди на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизмот.

Таа посочи дека посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 отсто од тогашната македонска еврејска заедница, претставувала длабоко потресно искуство и силно сведоштво за историските факти.

Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за неговиот ангажман во зачувувањето на историската вистина за Холокаустот на македонските Евреи, особено за заложбите да се зачува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка.

Баренбаум ја нагласи важноста на одбележувањето на 11 Март – Денот на депортацијата на македонските Евреи, како и иницијативата имињата на македонските Евреи да бидат испишани на ѕидот во Меморијалниот комплекс, со што секоја жртва би добила траен спомен.

Тој посочи дека е неопходно историјата на Холокаустот да се документира и да биде дел од образованието на младите генерации, а се заложи и за организирање студентски посети на Треблинка.

На средбата биле претставени и активностите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, меѓу кои иницијативата за формирање едукативен институт и изложбата посветена на еврејските партизани во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…

Прекин на огнот во Украина е од…

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…

Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…

Пожарот што избувна во куќи во близина…

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…

Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…

Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…