Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“.

Во фокусот на годинашниот состанок ќе бидат неколку теми: Европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), како и регионалната соработка и безбедност.

Главната цел на процесот е интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија, како и стабилизирање на состојбите на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка. Лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“ се состануваат најмалку еднаш годишно.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во…

Мециновиќ: Енегријата е очигледна, одиме во втор…

„Енергијата е очигледна. Луѓе, одиме во втор…

Сомнителни балони во литванскиот воздушен простор привремено…

Воздушниот сообраќај на меѓународниот аеродром во Вилнус…

Цаневска: Кога вложуваме во училиштата, вложуваме во…

На Денот на просветните работници, носителката на…

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на…

На 04.10.2025 околу 22:00 часот, во близина…