Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“.

Во фокусот на годинашниот состанок ќе бидат неколку теми: Европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), како и регионалната соработка и безбедност.

Главната цел на процесот е интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија, како и стабилизирање на состојбите на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка. Лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“ се состануваат најмалку еднаш годишно.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навроцки го прекина летот за Сенегал по…

Полскиот претседател Карол Навроцки го прекина патувањето…

Туск: „Или ќе ги исфрлите од парламентот,…

Полскиот премиер Доналд Туск ги повика избирачите…

(Видео) Полската опозиција обвинува за „државен удар“

Извештаи за полициска интервенција во полскиот Уставен…

Радичевски: Општината е на сите граѓани од…

„Овој поглед ме прави горд и ми…

(Видео) Драма во Полска: Полицијата влезе во…

Полска се соочува со нова политичка и…