Сиљановска на терен со пожарникарите и војската, Мицкоски се шета по самити

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денес по вторпат излезе на терен заедно со војската, пожарникарите и полицијата кои го гаснат пожарот на планината Серта, додека премиерот од Вашингтон и Њујорк, сега замина во Англија.

Мицкоски објави дека ќе присуствува на самит на Европската Политичка Заедница во Лондон, каде оствари средби со неколку европски политичари, а ќе се сретне и со кралот Чарлс Трети. Самитот се одржува во палатата на Черчил, една од најголемите куќи во Англија, а била изградена во периодот помеѓу 1705 и 1722 година

Додека премиерот се шета од една во друга држава, неговата држава гори. Речиси на целата територија на Македонија има активни пожари, а помош за справување со огнот испратија неколку држави, меѓу кои Турција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и останати држави, на кои Сиљановска денеска им се заблагодари за помошта.

– По вторпат сум на лице место, се разбира местото на претседателката како врховна командантка на воените сили е таму кадешто има војска. Верувам во нивната способност бидејќи секогаш кога било најтешко, тие се наоѓале на вистинското место. Не е само нашата Република во пламен, цел Балкан е во пламен. Кога ќе престанат пожарите, да не го чекаме следното лето, да го препрочитаме Законот, да видиме каде се слабите точки, можеби да промовираме некој региоанлен концепт на гаснење на пожари. Јас изразувам огромна благодарност до државите кои ни испратија помош. Мирна сум знаејќи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата на војниците, знам дека се работи за врвни пилоти, пожртвувани и експерти. Јас се молам и да падне дожд, имаме потреба и од природна помош, истакна Сиљановска денеска од терен.

Ветрот кој дува и го менува правецот дополинтелно го отежнува и онака тешкото гасење, а теренот е исклучително тешко пристапен, истакна денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

– Ако надвор е 40 степени, онаму кадешто гори температурата се качува до речиси 80 степени. Тоа е исклучително тешко, но секоја чест за нашите храбри војници, полицајци и пожарникари, истакна Ангелов кој објасни дека хеликоптерите имаат ограничување на летање на толку високи температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…