Си-Ен-Ен: Од Иран сигнализираат дека попрво би преговарале со Венс отколку со Виткоф и Кушнер
Иран ѝ сигнализирал на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека претпочита да разговара со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, отколку со специјалните пратеници Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, велат два извори.
Пораката, која наводно е пренесена до Вашингтон преку неформални канали, укажува на проценката на Техеран дека разговорите со Виткоф и Кушнер нема да бидат продуктивни поради недостаток на доверба по „неуспехот“ на претходните разговори што претходеа на воената акција од страна на Израел и САД, објави Си-Ен-Ен.
Изворите велат дека Венс во регионот се смета за политичар посклоен кон идејата за прекин на конфликтот отколку другите членови на американскиот дипломатски тим, вклучувајќи го државниот секретар Марко Рубио и Виткоф. Регионалните извори, исто така, велат дека вклучувањето на Венс во разговорите може да биде ризично, бидејќи постигнувањето договор за прекин на конфликтот може да биде тешко. Изворите, исто така, велат дека Виткоф останува силно вклучен во дипломатскиот ангажман на САД и дека Иран веројатно нема да има друг избор освен да преговара со претставникот назначен од администрацијата во Вашингтон.
Трамп претходно изјави дека сите клучни членови на неговиот дипломатски тим биле вклучени во разговорите, додека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, нагласи дека американскиот претседател одлучува кој преговара во име на земјата. Според неа, Венс, Рубио, Виткоф и Кушнер ќе учествуваат во разговорите. Еден функционер на Белата куќа оцени дека информациите што доаѓаат од регионални извори претставуваат обид за „поткопување на администрацијата на Трамп“. Според изворите, можна е и средба меѓу претставници на САД и Иран во Исламабад подоцна оваа недела, иако постојат сомнежи дека таа навистина ќе се одржи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си-Ен-Ен: Од Иран сигнализираат дека попрво би…
Иран ѝ сигнализирал на администрацијата на американскиот…
Медиуми: Моџтаба Хамнеи даде благослов за преговори…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Либан го прогласи амбасадорот на Иран за…
Либан го прогласи амбасадорот на Иран во…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Зеленски: Украина има докази дека Русија му…
Украинската воена разузнавачка служба има „неоспорни“ докази…