Објавено на:

Медиуми: Моџтаба Хамнеи даде благослов за преговори со САД

t

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тајно го информирал американскиот претставник Стив Виткоф дека врховниот лидер Моџтаба Хамнеи одобрил разговори за постигнување можен договор, објави телевизијата Ал Арабија во вторник, повикувајќи се на израелскиот весник Једиот Ахронот.

Извори за весникот изјавиле дека врховниот лидер, кој беше избран по смртта на неговиот татко Али Хамнеи во првиот удар од американско-израелската војна против Иран минатиот месец, се согласил брзо да ја заврши војната според условите на Иран.

Откако му даде на Иран рок од 48 часа за отворање на Ормутскиот теснец, американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано објави во понеделник дека наредил петдневно одложување на какви било воени напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура. Трамп подоцна изјави за Фокс њуз дека договор со Иран може да се постигне за пет дена или помалку, додавајќи дека Иран сака да склучи договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…