Објавено на:

Си и Лавров: Кина и Русија ги здружија силите за наоѓање нов пат на хармоничен соживот

t

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на која посочи дека годинава се одбележуваат 75 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Русија и дека двете земји ги здружија силите за да најдат нов пат на хармоничен соживот и соработка меѓу големите земји.

Тоа, смета Си, донесе придобивки за двете земји и нивните народи и им даде мудрост и сила на меѓународната правичност и правда, пренесоа кинеските медиуми.

-Претседателот Путин и јас се договоривме да продолжиме да одржуваме блиски контакти за да се осигураме дека односите меѓу Кина и Русија секогаш се развиваат непречено и стабилно. Двете страни треба да ја искористат можноста да ја прослават 75-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи и да ја одржат годината на културата Кина-Русија со цел целосно да се спроведат голем број важни договори постигнати од претседателот Путин и мене, рече кинескиот претседател.

Односите меѓу Русија и Кина се засноваат на еднаквост и взаемна корист и ги надминаа односите со алијансата за време на Студената војна и покажаа силна издржливост, рече рускиот министер за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица со порака до пензионерите

Промотивно видео на Левица за парламентарните избори…

Додик: Пет милијарди луѓе во светот нема…

Советот за безбедност на Обединетите нации не…

Најмалку 48 луѓе загинаа откако пропадна дел…

Најмалку 48 луѓе загинаа откако пропадна дел…

Велигденско послание на г.г. Стефан: Да ги…

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ…

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк беше…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…