Скандал во Британија: Пратеник гледал пронографски материјали во Парламентот
Британскиот конзервативен пратеник Нил Периш е суспендиран од партијата по истрага за наводно гледање порнографија на мобилен телефон во просториите за дебата во Долниот дом на Парламентот.
Шеесет и петгодишниот пратеник сам се пријавил во парламентарната комисија задолжена за прашањата за однесување на пратеници, изјави портпаролот на шефот на ториевците во парламентот, Крис Хитон-Харис.
„Група конзервативци го суспендираа Париш додека се чекаат заклучоците од истрагата“.
Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон отвори истрага во средата откако пратеник го обвини Париш дека гледал порнографска содржина во Парламентот. Париш тогаш не беше јавно именуван.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Интерпол: Уапсени 20 луѓе во 12 земји…
Глобалната полициска организација Интерпол денеска објави дека…
Шок видео! Кралицата Летиција била нападната од…
Шпанската кралица Летиција вчера беше во Рим,…
Австралија им се извини на жртвите од…
Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…
Скандалот Онкологија „метастазира“ и во соседството?
Од обвинителството потврдуваат дека преку каналите за…
Во понеделник повторно протест за скандалот со…
Почитувани, Повторно Ве повикуваме на протест во…