Скандалот Онкологија „метастазира“ и во соседството?

t

Од обвинителството потврдуваат дека преку каналите за меѓународната соработка ќе се бараат податоци од надлежните органи за сознанија за илегална препродажба на лекови наменети за болни од рак, како и детали за државјани на Косово и Албанија кои се лекувале со терапии во Македонија. Во меѓувреме се „чешлаат“ сметките на Онкологија, ама и обемните медицински документи на сите пациенти што примале биолошка терапиија.

-Се извлекуваат податоците со истории за третманот на групи пациенти кои примале биолошка терапија на Клиниката, како и медицински истории на уште околу 40-тина пациенти за кои се врши директна проверка на податоците за лекувањето. Извршени се распити на повеќемина вработени на Клиниката за онкологија, како и на двајца експерти. Во тек се распити на 20-тина пациенти кои до овој момент доброволно се јавија.–Јавно обвинителство.

Обвинителството излезе со детали дека се испитуваат наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Онкологија. Освен што се формирани тимови од експерти и истражители, кои вршат анализи на досега земените комјутери наредиле и посебна финансиска истрага од страна на МВР, ама да постапува побарале и од Управата за финансиско разузнавање. Освен нив, задача за да направат свој изштај за тоа како работела Онкологија, мора да дадат и Министерството за здравство и Фондот.

Во меѓувреме, од Обвинителството велат дека ги контактираат и пациентите кои ќе имаат увид во доказите. Списокот кој е веќе доставен брои три онколошки пациентки и една ќерка на пациент.

Министерот за здравство Фатмир Меџити уверува дека во моментов нема злоупотреби, и вели допрва ќе одлучи дали ќе го врати КАТО системот кој овозможува контрола на цитостатиците. Според него, ниту овој систем што шест години стои под клуч на Онкологија не е имун на кражби, бидејќи само ја мери количината што се става, која може да биде и вода.

Меџити порача дека одземен и е гласот на сегашната Директорка за одлучување кој од пациентите ќе ја прима скапата биолошка терапија, па сега раководители на 12 оддели го имаат клучниот збор. Претходно праксата беше скапата терапија да биде дадена само со потпис од Директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…

После 20 годии шепотење и непреземање ништо…

Австралија им се извини на жртвите од…

Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…

Петровска: Да бидеме горди, нашата држава е…

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во дневникот…

Македонија е меѓу подобрите на Балканот: Еве…

Грција има 114.12 тони резерви на злато,…