Скандал во Србија: Уапсена претседателката на Вишиот суд во Ниш

По наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал во соработка со БИА и СБПОК денеска е уапсена Д. Ж., претседателката на Вишиот суд во Ниш, поради сомневање дека потпишала решение за условен отпуст и добила ваучер за престој во хотел на Златибор, јавуваат српските медиуми.
Таа е осомничена за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, се вели во соопштението на тоа обвинителство.
Се сомнева дека службената положба како претседател ја искористила во периодот од февруари до август, по претходно ветување и договор со осудениот Р. М, како претседател на вонсудскиот совет на Вишиот суд во Ниш, донесе и го потпиша решението со кое се одобрува барањето за условен отпуст на осудениот Р. М.
За тоа службено дејствие таа наводно добила ваучер за престој во хотел на Златибор со што нејзе и на членовите на нејзиното семејство е обезбедена финансиска корист, бидејќи тој ваучер го користела седум дена со семејството.
Основа за сомнение е дека хотелскиот ваучер го платила фирма во сопственост на синот на осудениот Р.М., Б.М., додека осудениот Р.М. поранешен директор и одговорно лице.
Имено, се во со цел да се забрза постапката и да се донесе позитивно решение за условен отпуст.
Осомничената Д. З. е по претходен договор и ветување со осудениот Р. М. постапила и го прифатила барањето.
Високиот судски совет денеска одржа седница и донесе одлука за одземање на имунитетот на Д.Ж. односно и одобрил лишување од слобода.
Осомничениот во рок од 48 часа ќе биде сослушан во обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деканката Јовановиќ излезе од болница: „Вучиќ го…
Деканка Наталија Јовановиќ, која денес беше нападната…
(Видео) Студенти во блокада го блокираа влезот…
Блокада на студентите и група граѓани денеска…
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…