СКАНДАЛ: Девојки морале да „пијат кафе“ со претседателот на ДПМНЕ ОК Прилеп за да ги вработи?!

t

КОЈ БИ ПУШТИЛ ДЕТЕ ВО УМС ЗА НЕКОЈ ДА ЛЕЧИ МАНИЈАКАЛНИ ФРУСТРАЦИИ СО НЕГО?!

Нема крај на скандалите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Ако порано биле само економски криминали, тендери и слично, сега на виделина излегуваат многу полоши случки. И ако порано членството на партијата се плашело, луѓето молчеле дали од страв, дали од грижа да не ѝ наштетат на партијата, сега времињата се сменија, а народот смогна сили јавно да ги обзнани сите скандали.

Дека во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ не цветаат рози, знаеме сите, а исклучок очигледно не е ни ОК Прилеп и претседателот на општинскиот комитет, Дејан Проданоски.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии кои тој прво ги објавил, па ги избришал, веројатно откако сфатил што има објавено.

Во продолжение е фотографија споделена од Проданоски на Фејсбук, на неа се гледа шише „Моет“ кое чини околу 100 евра. И не е проблем било кој да ужива во поскап пијалок, проблем е што прилепчани се свесни од каде Проданоски има доволно длабок џеб за да пие ваков шампањ, а прилепчаните кои ни ја испратија фотографијата велат дека „координаторо“ платил четири такви флаши.

Како што информираат прилепчани, Проданоски од позиција на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп наплаќал по 5 до 7 илјади евра за вработување во локалната администрација.

А за вработувањата имаат и дополнителни коментари на Фејсбук.

„Прво децата на функционерчињата, после децата на швалерките, па швалерките, па советниците, па роднините, па мачето, па кучето и така зато шамарчиња и плукање сред чаршија. И загревотново претседателче шо го имаме во Прилеп ако можи и така да се наречи на грбо на Борче си начека власт… Се врти колцето, пак ќе моли ќе плачи ко…“ – пишува во еден од коментарите.

На ова друг прилепчанец враќа:

„Ааа не така се вреѓаат со плукање и кажување на вистината во очи пред многу народ оти ако му направиш така цитирам: „требало да те качи во гепек и да те носи некаде далеку таму да те истепаат““ – стои во коментарот кој открива дека Проданоски им се заканувал со физичка пресметка и тепање на оние кои јавно ги откриваат неговите скандали. Како што можете да видите во коментарите, имало и сведоци за заканата кон, како што откриваат прилечпачи, е стар член на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што е поскандалозно е што девојка која била дел од УМС Прилеп открива дека „педофили и манијаци се влезени во политиката“ и дека истите ги канеле девојчињата „на кафе“ во друг град доколку сакаат вработување или некоја функција.

„Чувајте се од педофили и манијаци влезени во политиката само за задоволување на нивната болест, Пет години младите од УМС се „канети“ читај уценувани да „пија кафе“ со педофило за да ги вработел. Мене ми беше нудено да бидам на некаква листа ама услов беше да се пија кафе во друг град. Зато и си заминав од партијата, а и многу други“ – објаснува девојка во еден од коментарите.

Девојката додава дека токму од тие причини УМС Прилеп е сиромашно со членови, а и никој не би пратил дете таму за да некој си лечи манијакални фрустрации со него…

Можеби сите слушнале за слични приказни во партијата, но досега никој јавно не кажал дека претседател на општински е педофил и дека бара од девојчињата „да пијат кафе“ со него за да ги вработи или да бидат на некоја листа (советничка, пратеничка…).

Секоја чест за прилепчани кои се охрабрија јавно да проговорат за малтретирањата кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, но отворено останува прашањето дали е можно Мицкоски и раководството на партијата да не знаат дека имаат вакви личности на највосоката функција во општинскиот комитет. Дали тарифата од 5 до 7 илјади евра за вработување е со нивен амин и дали ќе соберат храброст по овие коментари кои се јавно достапни да се ослободат од функционери кои само ѝ штетат на партијата?

И размислете дали со вакви кадри ќе ве гласа и партиското членство, за неопределените граѓани воопшто нема ни да стане збор.

За крај само уште еднаш го цитираме коментарот на девојката “Дали местото на еден педофил е меѓу младите и кој би пуштил дете во УМС за некој да си лечи манијакални фрустрации со него?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште гори во Прилеп, нема да се…

Пожарот во Прилеп е активен и утрово,…

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Ај што е незаконски назначен… Новиот директор…

Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на…

Пожарот кај Небрегово се шири кон две…

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…

Петмина повредени во судир на трактор и…

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската…