Скандал: Се подготвуваат нови судии и обвинители, некои се роднини на фукционери?

t

Се уште не е решена истрагата, и не се подготвени обвиненија, за обвинителите на СЈО кои, според Антикорупциска, бесправно земале од 70 до 120.000 евра по обвинител од СЈО, а се подготвуваат нови судии и обвинители и – нов скандал! Се чека делата да застарат, да нема судења а парите, над 1,5 милиони евра незакнски поделени меѓу обвинителите на СЈО кои и денес се на тие функции – да им останат.

Довербата на јавноста во обвинителите е судиите е – 8%, најниска од било која институција во државава од денот на нејзината самостојност па до денес. Процентот на осудени по обвиненија е околу 98%! што значи дека речиси секое обвинение судијата го пресудил за вина, и доказ дека судат обвиноителите а не судиите, скоро секое нивно обвинение е пресудено по нивна воља.

„Нови 97 кандидати за судии и обвинители од понеделник почнуваат со Академијата за судии и обвинители. Ова ќе биде осмата генерација на слушатели на Академијата, која произведува судии и обвинители и е најбројна досега. До крајот на годината од Академијата треба да излезат нови 59 подготвени судии и обвинители и ќе можат да почнат со работа. Но, при секој избор на кандидати во Академијата има роднини на судии и обвинители, кои високо котираат во правосудниот сектор. Според директорката на Академијата Наташа Габер-Дамјановска, ‘ова не е никаква пречка’.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: „Ни еден процес не може да биде дискриминаторски. Не е упатно да се направи дискриминација, некому да му се забрани, или да му се ограничи тоа право. Јавниот повик е за пријавување на кандидати, ако тие ги исполнуваат законските услови, со положен правосуден испит и најмалку 2 години работа на правни работи.’ – вели Наташа Габер-Дамјановска, директорката на Академија за судии и обвинители.“

Ниту осмата генерација на судии и обвинители нема да ги пополни испразнетите места. ‘Овие кандидати не се доволни за потребите на Јавното обвинителство и судството…’ – вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.“

„Советите за судии и обвинители, Јавното обвинителство и Врховниот суд одлучуваат колку судии и обвинители се потребни. ‘Се надевам дека проценките кои се направени од нивна страна се реални и оти бројката на судии и обвинители ќе биде задоволителна.’ – рече Иван Џолев, претседател на Основниот кривичен суд во Скопје.“

„Кандидатите за судии и обвинители ќе се обучуваат две години, за да можат во иднина да делат правда. Моментно во обвинителството недостигаат 100 обвинители. Се смета дека во судството работат 140 судии помалку. Но, тоа е така според систематизацијата на нашата држава. Според европскиот просек, Македонија има вишок судии, а бројот на обвинители би можел да биде поголем.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите

Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…

Ќе има ли дисциплинска постапка против обвинители…

Дисциплинската комисија при Јавното обвинителство се уште…

Судиите и обвинителите во Бугарија на протест…

Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија…

Резил: Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната…

Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница…