Скандал со мигрантски центар во Албанија: Италијански пратеник најави тужба против премиерката Мелони

t

Италијанскиот пратеник Франческо Бонифази, од партијата Италија. вива најави дека утре неговата партија ќе поднесе тужба против премиерката Џорџа Мелони поради „залудното трошење на парите на Италијанците за имигрантскиот камп во Албанија“.

Тој на социјалните мрежи напиша дека парите потрошени за изградба на кампот можело да се искористат за италијанските семејства.

– В понеделник ќе поднесеме жалба до Судот на ревизори со која се осудува Џорџа Мелони како одговорна за злоупотреба на јавни пари поврзани со скандалот со мигрантскиот центар во Албанија. Ова што го гледаме е скандал за италијанските семејства: парите требало да одат за карабинерите, здравството, младите, истакна Бонифази.

По петочната одлука на италијански суд да ги укине наредбите за испраќање на првата група мигранти фатени во Медитеранот во центрите за мигранти во Албанија, 12 мигранти кои беа сместени во кампот во Ѓадр веќе се вратени во Италија.

По веста за одлуката на судот премиерката Мелони за утре закажа владина седница за договорот потпишан на 6 ноември минатата година, а почна да се имплементира на 16 месецов со пристигнување на првата група имигранти во Албанија.

За Мелони судската е пристрасна и е „многу тешко да се работи на изнаоѓање решенија за проблемите на Италија кога се соочуваме со противење од некои од институциите кои треба да помогнат да се изнајдат решенија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…