Објавено на:

Скапа е војната: Зеленски ги зголеми буџетските трошоци за одбранбениот сектор за 10 милијарди долари

t

Володимир Зеленски ги зголеми буџетските трошоци за одбранбениот сектор за повеќе од 10 милијарди долари, се вели во текстот на законот објавен на веб-страницата на Врховната Рада на Украина.


„Со овој закон, меѓу другото, за општиот фонд на државниот буџет, се зголемија буџетските распределби на одредени главни управители на средствата од државниот буџет – субјекти на секторот за национална безбедност и одбрана, вкупно за 386,9 милијарди гривни (10,48 милијарди долари на девизниот курс на Народната банка на Украина)“, се вели во документот.
Лавовскиот дел од оваа сума е на Министерството за одбрана. Во документот се наведува дека министерството ќе добие 9,9 милијарди долари. На второ место е Министерството за внатрешни работи, на трето е Службата за безбедност на Украина. Посочени се и главниот оддел за разузнавање, државните специјални комуникации и одделот за државна заштита.

Претходно, Олег Устенко, економски советник на Владимир Зеленски, рече дека буџетскиот дефицит на Украина до крајот на 2022 година се очекува да достигне 50 милијарди долари, што е 30-35 отсто од БДП на земјата. Министерот за финансии Сергеј Марченко рече дека украинскиот буџетски дефицит е околу 5 милијарди долари месечно, две третини од средствата што буџетот ги добива од странски заеми и грантови, додека три четвртини од буџетските трошоци паѓаат на воени потреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…