Објавено на:

Скопските јавни претпријатија во акција за расчистување на снежните наноси низ градот: Арсовска на терен со директорите на претпријатијата

t

Градот Скопје и јавните претпријатија ЈП Комунална Хигиена, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта во текот на денешниот ден беа во координација заради расчистување на снежните наноси низ градот.

Градоначалничката Арсовска утрово одржа состанок со директорите на сите надлежни претпријатија заради координирање на активностите. Градот Скопје известува дека постојано се надгледува работата на претпријатијата заради обезбедување на најквалитетни услуги за граѓаните.

“Во координација со Градот Скопје, екипите на ЈП „Комунална хигиена“утринава започнаа активности за расчистување на нападнатиот снег, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје работат со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила-мултикултиватори и патарки за расфрлање на сол. Се расчистува централното градско подрачје, плоштадот и улица „Македонија“, Старата чаршија, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови во централното градско подрачје.

Службите од ЈП „Комунална хигиена“ во координација со Градот Скопје ќе продолжат со активностите за расчистување на снегот во текот на целиот ден, во согласност со потребата и состојбата на терен.” – известуваат од ЈП Комунална хигиена.

По обилните снежни врнежи екипите од Секторот Дрвореди во текот на целата ноќ работеа на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ градот. Предност во расчистувањето имаат дрвјата паднати врз коловози заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот.

Градот Скопје апелира до граѓаните поради обемноста на снегот да внимаваат во паркирање на своите возила под дрвја, за да избегнат потенцијални штети кои би можеле да настанат.

Eкипите на зимската служба паралелно со чистењето на градските сообраќајници ги чистеа и пешачките патеки за да овозможат полесно движење на граѓаните.

Почнувајќи од изминатата ноќ околу 1 часот  по полноќ започна плужењето на тротоарите на булеварите во Централното градско подрачје на булеварите Кочо Рацин, Партизански Одреди, Илинден, кон Битпазар и Чаир, која акција продолжува и утрово. Имаше и интервенција за расчистување на паднатите гранки на булеварот Партизански Одреди спроти Поликлиниката Букурешт.

Состојбата будно се следи од сите пунктови и во координација со дежурните лица на терен се интервенира според потребите.

Арсовска денеска заедно со директорот на ЈП Улици и Патишта Борис Настов, директорот на ЈП Комунална хигиена, Зуди Енузи, директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, ја координираше акцијата на службите за чистење и проодност на улиците и булеварите низ главниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…