Скопски разбојник го сожалил ограбениот: Му вратил илјадарка од пленот

t

32-годишен жител на Скопје ќе одговара откако влегол во куќа во селото Бучинци и со закана од нож изнудил 4.000 денари од сопственикот на куќата. Ограбениот човек, кој е во повозрасни години, го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, велат од ОЈО.

„Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на жител на селото Бучинци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари. Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни“, пишува во соопштението од Обвинителството.

Разбојникот на ова се согласил, му вратил на ограбениот илјадарка и заминал со пленот од 3.000 денари, додаваат од ОЈО.

Јавниот обвинител, се вели во соопштението, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот „бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски разбојник го сожалил ограбениот: Му вратил…

32-годишен жител на Скопје ќе одговара откако…

Разбојник му влегол дома на 82-годишен жител…

Дрзок разбојник вчеравечер влегол во домот на…

Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип

Во случај забележан во ист ден и…

(ВИДЕО) Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“…

На фејсбук-страницата на манастирот е објавена и…

Разбојник вооружен со нож ограбил двајца тинејџери…

Непознат разбојник, кој имал и нож, ограбил…