Скопски разбојник го сожалил ограбениот: Му вратил илјадарка од пленот
32-годишен жител на Скопје ќе одговара откако влегол во куќа во селото Бучинци и со закана од нож изнудил 4.000 денари од сопственикот на куќата. Ограбениот човек, кој е во повозрасни години, го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, велат од ОЈО.
„Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на жител на селото Бучинци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари. Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни“, пишува во соопштението од Обвинителството.
Разбојникот на ова се согласил, му вратил на ограбениот илјадарка и заминал со пленот од 3.000 денари, додаваат од ОЈО.
Јавниот обвинител, се вели во соопштението, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот „бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
20-годишна кумановка ограбена додека чекала автобус во…
Дваесетгодишна девојка од Куманово вчера била ограбена…
Членови на „Пинк Пантер“ уапсени за грабеж…
Двајца осомничени членови на мрежата крадци на…
Ограбена банка во Германија, штетата над десетици…
Крадци во Германија украле имот вреден повеќе…
Следеле, претепале и ограбиле маж кај трговски…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…