Скопјанка го пријавила сопругот за насилство, но и тој ја пријавил неа, претходно се расправале

t

Маж и неговата сопруга меѓусебно се обвиниле во полицијата за семејно насилство кое, според пријавите, се случувало во семејниот дом во скопската населба Карпош.

Вчера во 14.30 часот, 36-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг.

Подоцна во текот на денот, во 19.30 часот, нејзиниот сопруг во полицијата пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неа.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување…

Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време…

Трамп ја олеснува победата на Русија во…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Пченицата ќе се откупува по 12 денари…

Годинашната реколта пченица ќе се откупува по…

(Видео) Огромни поплави во Тексас, 24 мртви,…

Најмалку 24 лица се мртви, а десетици…

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека до…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…