Скопјанка лажела дека е вработена во министерство и си земала три кредити
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” по член 249 од Кривичниот законик.
– Пријавената, во текот на 2018 година, во три различни банки приложила фалсификувана документација, лажно прикажувајќи дека е кредитоспособна и дека е во редовен работен однос во Министерството за транспорт и врски и на тој начин успеала да ги доведе во заблуда службените лица од трите банки да ѝ одобрат кредити, информира МВР.
На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 907.561 денари, измамувајќи ги банките за паричен износ од 300.000, 307.561 и 300.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…