Скопје доживеа најубава празнична приказна: Со настапот на Некст Тајм заврши празничниот базар на Плоштад Македонија
Вчера заврши празнична програма на Плоштад Македонија. Две недели неверојатна дружба со публиката, многу македонски изведувачи, одлични водители и детски насмевки во изобилство. Благодарение на Комора на музичка индустрија, од 25.12.2023 па се до вчеравечер, на Плоштад Македонија се случија најдобрите забави и градот убав ја доживеа најубавата празнична приказна.
Последниот празничен ден започна со специјална детска програма со многу детски маскоти и подароци, а вистинската магија започна кога на сцена излегоа Sarah Mace & The Christmas Girls. Атмосферата за дневната програма дополнително ја загреа инструменталниот состав ВИС Аманет.

Последната фестивалска заврши со феноменалните настапи на Фиц D’invisibles и Некст Тајм. Водителите Димитар Атанасовски и Ненад Ѓорѓиевски и овојпат со задоволство ја забавуваа многубројната публика.
Во изминатите две недели се отпеаа и отсвирија најголемите македонски хитови, Плоштад Македонија блесна во полн сјај, а Скопје и скопјани добија забава каква што им доликува.


Комора на музичка индустрија во соработка со Град Скопје, со спонзорство на Дајмонд Мол, Телеком, Тинекс и Пелистерка подготвија празнична бајка во центарот на Скопје која предизвика само насмевки и воодушевувања кај сите посетители.
И од Комора на музичка индустрија и од Град Скопје се горди на целиот проект, благодарни на позитивниот одговор од македонските изведувачи, среќни од целата позитивна енергија што публиката ја возврати и токму затоа, се надеваат дека оваа манифестација ќе прерасне во долгогодишна традиција.


За овој празничен базар беше подготвена најдобра програма и дефинитвно Скопје и Македонија ја имаат најдобрата публика.


Градот убав им се заблагодарува на сите кои беа дел од овој магичен празничен базар и се радува што заедно ги создадовме најубавите празнични моменти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…