Скопје е во чад: Се уште беснее пожарот во Блаце
Половина Скопје попладнево е завиено во густ чад, откако пожарот што избувна вчера во близина на граничниот премин Блаце продолжува да се шири поттикнат од силниот ветер. Граѓаните од северниот и западниот дел на градот пријавуваат неподнослива миризба на горење и намалена видливост.
Пожарот зафатил голема површина од ниска вегетација и делови од шума, а поради неповолните временски услови, се заканува да се прошири и кон населени места. Противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат огнот, но засега борбата со стихијата е отежната.
Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење во погодените подрачја и да ги држат прозорците затворени поради загадениот воздух. Дополнителни екипи се мобилизирани за да спречат огнот да се прошири кон куќи и инфраструктурни објекти.
Властите најавија дека во гаснењето се вклучи и хеликоптерската единица.
Целосно затворен е и граничниот премин Блаце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје е во чад: Се уште беснее…
Половина Скопје попладнево е завиено во густ…
Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни…
Денеска, до 18:00 часот, на територијата на…
Драма во Битола: Осомничен пукал кон полицијата…
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство…
(Видео) Ангелов отиде во Чучер-Сандево и порача…
Откако Инфомакс објави видеа од пожарот во…
Апасиев: Командант на УЧК ѝ се заканува…
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска преку…