Скопје е во чад: Се уште беснее пожарот во Блаце
Половина Скопје попладнево е завиено во густ чад, откако пожарот што избувна вчера во близина на граничниот премин Блаце продолжува да се шири поттикнат од силниот ветер. Граѓаните од северниот и западниот дел на градот пријавуваат неподнослива миризба на горење и намалена видливост.
Пожарот зафатил голема површина од ниска вегетација и делови од шума, а поради неповолните временски услови, се заканува да се прошири и кон населени места. Противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат огнот, но засега борбата со стихијата е отежната.
Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење во погодените подрачја и да ги држат прозорците затворени поради загадениот воздух. Дополнителни екипи се мобилизирани за да спречат огнот да се прошири кон куќи и инфраструктурни објекти.
Властите најавија дека во гаснењето се вклучи и хеликоптерската единица.
Целосно затворен е и граничниот премин Блаце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…