Скопје ќе биде домаќин на Европските Младински Олимписки Игри во 2025 година
Скопје ќе биде домаќин на Европските Младински Олимписки Игри во 2025 година, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Европските Младински Олимписки Игри првпат се одржаа во Брисел во 1991 година, а Скопје во 2025 година ќе биде домаќин на 25-те Европски Младински Олимписки Игри, на кои се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави, кои ќе се натпреваруваат во 12 олимписки спортови.
Честа е голема што Скопје во 2025 година ќе биде домаќин на ваков голем и престижен спортски настан. Одржувањето на младинската олимпијада во Скопје е одлична можност за афирмација на нашиот град како спортско-туристичка дестинација, а ние уште еднаш ќе се покажеме како одлични домаќини. Организацијата на настанот е и одлична можност со поддршка на ЕУ да инвестираме во подобрување на нашите капацитети и инфраструктурата со што ќе ги подобриме условите за спортување на младите генерации успешни спортисти.- напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…