Скопје ќе се кити со 53.000 евра

t

Скопје ќе добие новогодишно украсување вредно 3.260.000 денари (околу 53 илјади евра), а тендерот го доби скопската фирма „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“, која како единствен понудувач ќе го изведе проектот. Компанијата веќе добила и слични тендери во Општина Центар и во Штип, а во минатото работела и на празнични декорации во Кавадарци и Чаир.

Според спецификацијата, најголемиот дел од украсите ќе бидат поставени на плоштадот „Македонија“ и ќе вклучуваат: новогодишна елка висока 13 метри, 3Д фигури како мечиња и подароци, големи светлосни ѕвезди, „ѕвездено небо“ од околу 800 м² лед-мразулци и светлосни обвивки на 25 канделабри.

Покрај плоштадот, украсите ќе ги красат и главните улици и булевари во Скопје, како „Даме Груев“, „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, „ВМРО“, „Гоце Делчев“, „Партизански Одреди“ и „Филип Втори Македонски“. Пред Владата ќе бидат поставени 40 светлосни елементи, слични на оние што ќе бидат на булеварите.

Фирмата е задолжена и за демонтажа на декорациите по завршувањето на празничниот период. Градот се уште не објавил точен датум за започнување на поставувањето, кое треба да следи веднаш по формалното потпишување на договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје ќе се кити со 53.000 евра

Скопје ќе добие новогодишно украсување вредно 3.260.000…

Макрон ѝ се заканува на Кина со…

Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека…

Левица: Томовски фатен во лага – близок…

Директорот на СОЗР и личен пријател на…

Букурешт би можел да стане прв главен…

Анка Александреску води во анкетите, додека изборите…

Келог: Мировниот договор за Украина е „на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…