Скопје ќе се кити со 53.000 евра
Скопје ќе добие новогодишно украсување вредно 3.260.000 денари (околу 53 илјади евра), а тендерот го доби скопската фирма „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“, која како единствен понудувач ќе го изведе проектот. Компанијата веќе добила и слични тендери во Општина Центар и во Штип, а во минатото работела и на празнични декорации во Кавадарци и Чаир.
Според спецификацијата, најголемиот дел од украсите ќе бидат поставени на плоштадот „Македонија“ и ќе вклучуваат: новогодишна елка висока 13 метри, 3Д фигури како мечиња и подароци, големи светлосни ѕвезди, „ѕвездено небо“ од околу 800 м² лед-мразулци и светлосни обвивки на 25 канделабри.
Покрај плоштадот, украсите ќе ги красат и главните улици и булевари во Скопје, како „Даме Груев“, „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, „ВМРО“, „Гоце Делчев“, „Партизански Одреди“ и „Филип Втори Македонски“. Пред Владата ќе бидат поставени 40 светлосни елементи, слични на оние што ќе бидат на булеварите.
Фирмата е задолжена и за демонтажа на декорациите по завршувањето на празничниот период. Градот се уште не објавил точен датум за започнување на поставувањето, кое треба да следи веднаш по формалното потпишување на договорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Им доставивме на САД предлози за…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина…
ОН: Авганистан е единствената земја што забранува…
Пет години откако Талибанците ја презедоа власта…
И денеска многу топло време, од утре…
Сончево и многу топло време со мала…
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…