Скопје: 174 санкционирани возачи, 20 без возачка
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за непрописно престигнување и обиколување, пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…