Скоро половина од Германците поддржуваат влез на Украина во Европската Унија
Речиси половина од германските граѓани го поддржуваат влезот на Украина во Европската унија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот ЈуГав (YouGov).
За членство на Украина во ЕУ се изјасниле 46 отсто од испитаниците, додека во 2018 година биле 30 отсто.
Украина сака брз пристап, но во ЕУ засега нема согласност за тоа.
Резултатите од анкетата по избивањето на војната се различни и во Франција – 42 отсто од граѓаните го поддржуваат приемот на Украина, додека во 2018 година тој удел бил значително помал, 22 отсто.
Во Шпанија 60 отсто од анкетираните се за членство на Украина во Унијата, а во Италија 45 отсто. Во сите земји каде што е спроведено истражувањето, процентот на граѓани кои одговориле „не знам” бил висок во 2018 година, како и сега, меѓу 24 и 29 отсто.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, инсистира на членство и го потпиша барањето за прием во ЕУ. Меѓутоа, некои земји од Унијата, вклучително и Германија, се против брзиот пристап на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…