Славески: Инфлацијата во Македонија во наредните една до две години ќе се намалува

t

За година-две инфлацијата ќе се врати на историскиот минимум од два проценти, оптимист е гувернерот Трајко Славески.

Тој признава дена скртотувањето на инфлаторната спирала и оди потешко на земјава во споредба со европските држави, но причината за тоа, вели, лежи во високите инфлациски очекувања кај граѓаните и производителите, притисокот на синдикатите за повисоки плати, за кои смета дека се еден од клучните фактори.

Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика, вели Славески. Неговите очекува ги темели на монетарните мерки кои ги презема Народната банка.

Славески ги демантира тврдењата на дел од економските експерти дека на Владата и одговара висока инфлација за да го полни буџетот преку ДДВ, па затоа, освен училишната кошничка, немало конкретни антикризни мерки. Граѓаните станаа чувствителни на високи цени и пораст на инфлацијата, а тоа најмалку и одговара на една влада, посебно кога треба да бара поддршка од тие исти граѓани, вели Славески.

Според гувернерот, инфлацијата може трајно да се намали само ако монетарната и фискалната политика внимателно се комбинираат и се фокусираат на долгорочни инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славески: Инфлацијата во Македонија во наредните една…

За година-две инфлацијата ќе се врати на…

„Деца се под урнатините, нема кој да…

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на…

Скопјанец ја грабнал ќерката од поранешната партнерка…

Нешто по полноќ синоќа, 24-годишна жителка на…

Ким Џонг Ун со воз патува кон…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денес замина од Пјонгјанг…

Јаневска: Обезбедени се учебници за сите ученици…

Денес започнува новата учебна година и во…