Јаневска: Обезбедени се учебници за сите ученици и ова повеќе нема да биде предмет на дискусија

t

Денес започнува новата учебна година и во училиштата повторно се враќа детската радост, среќа, љубопитност и натпреварувачка атмосфера. На сите ученици и на нивните семејства, на наставниците и стручните соработници им посакувам среќен почеток и многу успеси во деновите што следат. Сигурна сум дека секој може да ги постигне своите цели, да ги исполни обврските и одговорностите со добро здравје и доволно труд. Ова е пораката која по повод стартот на учебната 2025-2026 година ја испрати министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

Јаневска посочи дека Владата и Министерството за образование и наука, заедно со другите надлежни институции и локалните самоуправи се погрижија да бидат обезбедени сите услови за добар старт и квалитетна настава. Како што рече, обезбедени се учебници за сите ученици и ова повеќе нема да биде предмет на дискусија.

Направени се крупни инвестиции во инфраструктурата онаму каде беше најнеопходно, а најави и дека инвестициите во подобри училишта и спортски сали ќе продолжат во периодот што следи. Започнува образованието за вештачка интелигенција. Се воведува формално образование за учениците кои се на подолго болничко лекување, а золемен е бројот образовни асистенти во основното и за прв пат се воведува образовна асистенција и во средното образование. Во употреба е пуштен и нов електронски дневник, кој повеќе нема да ја попречува работата на наставниците.

„Преостанува на учениците да учат, да истражуваат, да прашуваат, да наоѓаат и споредуваат извори на знаења и информации и секако да градат пријателства со нивните врсници. А на наставниците, кои се столбот на образованието, заедно со родителите и старателите на учениците, останува да продолжат да им го трасираат патот кон успехот на новите генерации и да ги учат на вистинските вредности“, рече министерката, повикувајќи на сплотеност во градењето на училишта исполнети со знаење и почит и на средина во која младите ќе сакаат да останат и да го вложат својот потенцијал. Затоа што, во училиштата денес – се гради иднината на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…

Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…

Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…

Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…

Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…