Следува ли ценовен шок? Ограничени маржи во продавниците уште две недели
Уште две недели во сила ќе биде мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало. Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се прават анализи како да се ре-моделира оваа мерка која беше донесена да спречи ценовен шок во Македонија. Ковачевски уверува дека не сака да се случи владините мерки да влијаат негативно врз работата на приватните компании кои произведуваат храна.
„Секојдневно во Министерството за економија се прават анализи, до кога тие мерки се издржливи и на каков начин ќе бидат модифицирани, со оглед на тоа дека не треба да ги доведеме производствените капацитети во ситуација да мора да работат со загуби, бидејќи во тој случај ќе станат неликвидни…“, изјави Димитар Ковачевски.
Ставот пак, на бизнисмените е дека ограничената маржа е подобра мерка од замрзнатите цени на основните прехранбени производи. Но, сепак, додаваат дека ограничувањето на профитот не е гаранција дека финалните цени нема да растат. По серијата поскапувања на суровините, на струјата, на транспортот, па и на работната сила со растот на минималецот, фирмите веќе пресметаа во нови повисоки цени на најголем дел од своите производи.
„Ова е делумно решение, затоа што повторно производителите каде што на влезот, импутите се значително зголемени, говорам за цената на електричната енергија каде е 400 отсто зголемена, горивата, суровините се од 60 до 80 отсто зголемени, минимална плата, недела неработен, ден сето тоа се рефлектира на влезната страна при производство на производите“, изјави Горан Георгиевски претседател на Агро Бизнис Комора при ССК
За граѓаните пак ограничените маржи не го дадоа посакуваниот ефект. Куповната моќ секојдневно се жалат дека им е сериозно намалена, платите на најголемиот дел од работниците стагнираат, а цените се вивнаа до небо. Македонија влезе во двоцифрена инфлација, каква што немала од осамостојувањето од Југославија. Експертите предупредуваат дека цените ќе растат до крајот на годинава, но и покрај најавената стабилизација, скептици се дека за брзо време би се случило и намалување на трошоците на граѓа. /Алсат.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со…
Со најавеното замрзнување на маржите на само…
Продолжува замрзнувањето на маржата на основните прехранбени…
Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека…
Следува ли ценовен шок? Ограничени маржи во…
Уште две недели во сила ќе биде…