Следува ново вето? Убиството на Алексеј Петров ќе биде пречка за влез на Бугарија во Шенген?
Убиството на бугарскиот бизнисмен Алексеј Петров не треба да се меша со приемот на Бугарија во Шенген, кој има своја траекторија и јасни правила – вака портпаролката на Комисијата, Анита Хипер, одговори на прашање како овој случај ќе влијае на приемот на земјата во зоната.
Засега вето наметнуваат две земји членки – Холандија и Австрија. Холандија како мотив ги наведува организираниот криминал и корупцијата во Бугарија.
Хипер потсети дека ставот на Комисијата е непроменет долго време. Веќе 12 години тврдиме дека Бугарија и Романија се подготвени за Шенген, нагласи таа.
Таа изрази очекување дека оваа година Советот на ЕУ ќе донесе одлука со која тие ќе станат негови полноправни членки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…