Слободен печат: Пријатели на Росица тврдат дека лично им ја покажала пораката што му ја испратила на Панче Тошковски

t

Тројца блиски пријатели на Росица која беше брутално убиена од нејзиниот поранешен љубовник Илија Стефановски, за „Слободен печат“ тврдат дека СМС-пораката во која таа очајно бара помош од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е веродостојна и испратена од нејзиниот број на бројот на министерот. Таа порака според нивните сведоштва, уште постои во мобилниот телефон на Росица кој е задржан во полиција на вештачење и додека била жива, самата им ја покажала. Две пријателки на Росица кои се сестри, тврдат дека лично ја виделе пораката во телефонот на Росица бидејќи таа им ја покажала.

-Кон крајот на мај, по кражбата и вандализмот врз автомобилот на Росица, и покрај тоа што веќе имаше поднесено четири пријави против Илија во тој момент, таа не се чувствуваше безбедно.

Свесна дека нејзините пријави не се сфаќаат сериозно, но и борбена како што секогаш беше, успеа да го пронајде бројот на министерот Панче Тошковски и лично да го извести за својата ситуација. На почетокот на јуни, во разговор меѓу мене, мојата сестра и Росица за ситуацијата, таа ни ја покажа пораката што ја испратила до министерот.

Во пораката, Росица детално ги изрази заканите со кои се соочуваше и ја нагласи итната потреба од институционална интервенција, која за жал никогаш не дојде, изјави за „Слободен печат“ Лорета Слабева, блиска пријателка на сега убиената Росица.

Извор: Слободен печат, Мирослава Симоновска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слободен печат: Пријатели на Росица тврдат дека…

Тројца блиски пријатели на Росица која беше брутално убиена…

ГРОМ: Згрозени сме од последната одлука на…

Граѓанската опција за Македонија е згрозена од…

Левица: Иако Тошковски и Мицкоски целосно застанаа…

Иако министерот Тошковски и премиерот Мицкоски целосно…

Лишен од слобода разбојник од Струмица, одземеното…

На 24.09.2025 во 09:10 часот кај индустриската…

Ванковска: Тврдењето на Орце дека за 72…

Смешното тврдење на Орце дека за 72…