Словенечки политичар нападнат на јавен собир!
Главниот кандидат на Словенечката народна партија (СЛС) на изборите за ЕУ, Петер Грегорчич, бил удрен од маж на јавен собир во петокот во градот Метлика во јужна Словенија, соопшти денеска полицијата.
Во соопштението се додава дека тепачката се случила на винскиот фестивал Вински Вигред, еден од најголемите настани на отворено во земјата.
Се додава дека 20-годишен маж, кој подоцна паднал на алкотест, го удрил човекот и продолжил да ги удира корпите за отпадоци во близина, пренесува агенцијата СТА.
Тој беше уапсен во текот на ноќта и се соочува со казна од 438 евра за насилничко однесување.
На социјалната мрежа „Х“ партијата се заблагодари на полицијата за брзата реакција и порача дека Грегорчич ќе ја продолжи кампањата.
Метлика не беше официјална станица на кампањата на Грегорчиќ, но кандидатите често се појавуваат во јавноста во вакви прилики за да разговараат со гласачите.
Грегорчич утринава на платформата „Х“ објави дека е добро и ќе ја продолжи кампањата, пренесува словенечката агенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
СТРАШНО: Нови снимки од невремето во Љубљана
Големо невреме вчера ја зафати Љубљана, а…
Музиката од култната југословенска серија ечеше на…
Музиката од култната југословенска серија „Отпишани“ ечеше…
ГОЛ ВО 95. минута! Јовиќ ја спаси…
Фудбалската селекција на Србија го впиша првиот…