Словенија го сака и Западен Балкан во ЕУ, покрај Украина и Молдавија
Министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон вели дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, но дека не смее да се заборави Западниот Балкан во тој процес, за да остане политиката на проширување на ЕУ кредибилна.
Во документот што им го поднесе Љубљана на другите 26 земји членки се бара отпочнување на преговорите со Македонија и Албанија, визна либерализација за Косово и кандидатски статус за Босна и Херцеговина.
Фајон предупреди дека процесот на проширување е доведен под прашање и дека ги поддржува сите напори за С. Македонија, Албанија, Косово и Бих.
Поддршка за Македонија и Албанија се очекува да дадат повеќе министри за надворешни на ЕУ денеска, меѓу кои Австрија, Германија и повеќе источноевропски земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…