Словенија официјално доби жена претседател
Адвокатката Наташа Пирц Мусар (54) денеска на церемонија во Парламентот на Словенија положи заклетва и официјално стапи на функцијата Претседател на државата.
Таа утре и формално ќе ги преземе должностите од претходникот Борут Пахор, јавуваат агенциите.
Пирц Мусар на свечената седница положи заклетва и се обврза дека ќе го почитува уставниот поредок, ќе постапува според нејзината совест и ќе даде се од себе за да го обезбеди просперитетот на Словенија.
Иако е новодојдена во политиката, Пирц Мусар на повеќето Словенци им е позната како телевизиски водител, комесар за информации во два мандати, но и како претседател на словенечкиот Црвен крст.
Новата словенечка претседателка дипломирала на Правниот факултет во Љубљана во 1992 година, а докторирала во Виена во 2005 година. Професионалната кариера ја започна како новинарка и телевизиска водителка, а шест години подоцна застана на чело на финансискиот холдинг „Актива груп“.
Основаше своја адвокатска канцеларија, работеше на бројни силни случаи, а беше и правен советник на семејството на Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Кога станува збор за надворешната политика, таа се залага целиот Западен Балкан што поскоро да влезе во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
СТРАШНО: Нови снимки од невремето во Љубљана
Големо невреме вчера ја зафати Љубљана, а…
Музиката од култната југословенска серија ечеше на…
Музиката од култната југословенска серија „Отпишани“ ечеше…
ГОЛ ВО 95. минута! Јовиќ ја спаси…
Фудбалската селекција на Србија го впиша првиот…