Смета дека не може да даде максимум: Премиерката на Нов Зеланд најави оставка
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн денеска соопшти дека поднесува оставка, наведувајќи дека „нема повеќе енергија“ по пет и пол години на власт и девет месеци пред следните парламентарни избори.
Нејзиниот чувствителен пристап кон најлошото масовно убиство во земјата и одговорот на пандемијата на коронавирус ја направи меѓународна икона, но таа се соочува со растечки критики дома, според агенцијата АП.
Борејќи се со солзите, Ардерн им рече на новинарите во Напиер дека 7 февруари ќе биде нејзиниот последен ден како премиер.
„Сега влегувам во мојата шеста година како премиер и за секоја од овие години го давав мојот апсолутно максимум“, рече таа.
Таа најави и дека општите избори во Нов Зеланд ќе се одржат на 14 октомври и дека дотогаш таа ќе биде пратеник.
Нејзината објава е шокантна за луѓето во земјата. Иако во политичките кругови се зборуваше дека Ардерн може да поднесе оставка пред следните избори, таа секогаш велеше дека планира повторно да се кандидира.
Лабуристичката партија во следните три дена ќе гласа за нов партиски лидер, кој ќе биде и нов премиер. Вицепремиерот Грант Робертсон веднаш изјави дека нема да се кандидира за таа функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+Видео) Ќе се возат ли турски автомобили…
Извршниот директор на Иницијативната група за автомобили…