(Фото+Видео) Ќе се возат ли турски автомобили во Македонија? – Започнува со производство првиот турски автомобил TOGG

t

Извршниот директор на Иницијативната група за автомобили (ТОГГ), Гурџан Каракаш, рече дека чекор по чекор се приближуваат до зацртаните цели во рамки на плановите за производство на првиот турски автомобил ТОГГ, јавува Агенција Анадолија.

„Во нашиот погон ќе има вкупно 250 роботи. Ќе започнеме со тестно производство на крајот на јули 2022 година. Ќе го добиеме нашето прво возило од линијата за сериско производство на крајот на 2022 година. Откако ќе завршат тестовите за хомологација, нашето прво возило СУВ од Ц-сегментот ќе биде лансирано на пазарот во првиот квартал на 2023 година“, рече Каракаш во обраќањето на прес-конференцијата во погонот ТОГГ во градот Гемлик во турската област Бурса и додаде:

„Кога нашиот паметен уред ќе се појави на пазарот, тоа ќе биде првиот електричен СУВ произведен од неконвенционален производител на европскиот континент. Потоа во производната линија ќе одат моделите седан и хечбек во Ц-сегментот.“

Каракаш истакна дека многу е постигнато од 27 декември 2019 година, кога се одржа церемонијата „Патот кон иновациите“ во Долината на технологијата Гебзе, на која е претставен прототипот на првиот турски автомобил, уште едно во низата технолошки и индустриски достигнувања на Турција во последните две децении.

Тој објасни дека не се работи само за автомобил во инженерска смисла.

„Почнавме да развиваме дел за паметни уреди во автомобилот. Избравме добавувачи. Околу 75 отсто од нашите добавувачи се од Турција. Моментално спроведуваме „краш-тестови“ – форма на деструктивно тестирање, тестови на издржливост и тестови за перформанси“, рече Каракаш.

Тој посочи дека верува дека можат да бидат конкурентни на автомобилскиот пазар.

Прототипот на првиот турски автомобил ТОГГ беше изложен денеска за време на прес-конференцијата во фабриката „Гемлик“ во провинцијата Бурса.

Исто така, работите на изградбата на фабриката во Гемлик се одвиваат според планот откако официјално започна изградбата на производниот погон на 18 јули 2020 година. Комплексот и фабриката ќе бидат изградени на површина од околу 1,2 милиони квадратни метри. Изградбата на фабриката се очекува да заврши кон средината на 2022 година.

Компанијата има за цел да произведе електрични Ц СУВ возила до крајот на 2022 година како дел од масовното производство на возила.

Во почетокот на ноември, менаџментот на ТОГГ објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа прототипот на првиот турски автомобил на ТОГГ што се движи на патеката „Истанбул парк“, каде се возат трките во Формула 1. Видеото покажа нови детали за процесот на производство и склопувањето на турскиот автомобил, а потоа и прототипот на ТОГГ што се движи по патеката „Истанбул парк“.

Во октомври, раководството на ТОГГ објави дека се извршени сите аеродинамички и аероакустични тестови на возилото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица албански пратеници ќе бидат казнети за…

Комисијата за етика на по 10 дена…

ФИЛМСКО АПСЕЊЕ ВО ИСТАНБУЛ: Падна Дритан Реџепи,…

Водачот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан…

(Видео) СЕ ЗАПАЛИ КАПАЛИ ЧАРШИЈА: Голем пожар…

Пожар го зафатил покривот на Капали чаршија…

Драма на небото: Авион од Истанбул до…

Авионот од Истанбул за Париз штотуку принудно…

Автомобил удри во електричен тротинет кај Бит…

Сообраќајна несреќа се случи кај Бит пазар.…