Снег во Делчево и Дебар: Возачите да бидат внимателни на овие патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има во Делчево, Дебар, Ѓавато и Буково, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со…
СДСМ подготвува изненадување – кандидатите за градоначалници…
Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) веќе…
Божествата не смеат да газат во кал:…
Мостот на влез во Делчево, кој е…
(Фото+видео) Дебакл на Тошковски во Делчево: Го…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Мајски снег го прекри Балканот
Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот…