Снег и дожд на Попова Шапка, магла на патните правци Страцин – Кратово и Велес – Катланово

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд, соопшти ЈП Македонија пат.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Страцин – Кратово и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот предизвика колапс во БиХ: Луѓето заглавени…

Снег врне во поголем дел од Босна…

Најстудено утрово на Попова Шапка, во Скопје…

Утрово во речиси цела Македонија имаше минусни…

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во…

Најниска темпратура утрово од -2 степена е…

Драма кај Никифорово – тројца луѓе вечерва…

Тројца луѓе вечерва се заглавени во снегот…