Снопче: Филипче си замина поради Алтернатива, а не поради пожapoт
Халил Снопче, пратеник од Алијанса на Албанците, на денешната собраниска седница за избор на нова влада истакна дека мандатарот Димитар Ковачевски понудил програма која, како што рече, и самиот е свесен дека нема да може да ја реализира.
Воедно, Снопче ја критикуваше актуелната власт на СДСМ и ДУИ во повеќе сегменти, вклучително и во делот со корупцијата и владеењето на правото.
-Има се повеќе корупција – рече тој, споменувајќи го и пуштањето од притвор периодов на многу бизнисмени и поранешни политичари.
Исто така, Снопче посочи и на лошото менаџирање со здравствениот систем и пандемијата со ковид 19, посочувајќи дека претходниот министер за здравство Венко Филипче се повлекол поради погрешна причина.
-Тој не си замина поради морална одговорност после пожарот во модуларната болница во Тетово, туку кога се направи договор местото да го земе Алтернатива – рече пратеникот на АА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…
Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Таравари: Разочаран сум што Влен од прекрасен…
На првата годишнина од владата на Мицковски…
Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати,…
Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета…
Трамп се потсмева со „одмаздата на Иран“:…
Американскиот претседател Доналд Трамп се потсмева на…