Снопче: Филипче си замина поради Алтернатива, а не поради пожapoт

t

Халил Снопче, пратеник од Алијанса на Албанците, на денешната собраниска седница за избор на нова влада истакна дека мандатарот Димитар Ковачевски понудил програма која, како што рече, и самиот е свесен дека нема да може да ја реализира.

Воедно, Снопче ја критикуваше актуелната власт на СДСМ и ДУИ во повеќе сегменти, вклучително и во делот со корупцијата и владеењето на правото.

-Има се повеќе корупција – рече тој, споменувајќи го и пуштањето од притвор периодов на многу бизнисмени и поранешни политичари.

Исто така, Снопче посочи и на лошото менаџирање со здравствениот систем и пандемијата со ковид 19, посочувајќи дека претходниот министер за здравство Венко Филипче се повлекол поради погрешна причина.

-Тој не си замина поради морална одговорност после пожарот во модуларната болница во Тетово, туку кога се направи договор местото да го земе Алтернатива – рече пратеникот на АА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водечкиот украински мобилен оператор цел на хакерски…

Водечкиот украински мобилен оператор Киевстар денеска беше…

Претрес во Скопје, пронајдени дрога и пари

Денеска (30.11.2023), полициски службеници од Единицата за…

Литванија тврди дека Унгарија е „против Европа“

Литванскиот министер за надворешни работи ја обвини…

„Шпигел“: Во ЕУ се појавува „проруски сојуз“

Очигледно, во ЕУ се формира цел сојуз…

Денков тврди дека Бугарија нема да прифати…

До каде ќе биде границата на прифатливи…