Снопче: Ќе има криза и масовно иселување ако Бугарите не се внесат во Уставот
Пратеникот од Алијансата за Албанците, Халил Снопче, денеска од собраниската говорница предупреди дека најновиот извештај на Европскиот парламент за Македонија е најнегативниот досега и дека содржи јасни препораки за спроведување на уставните измени.
Тој истакна дека домашните институции мора да ги сфатат препораките сериозно доколку земјата сака да ја задржи европската перспектива.
Според Снопче, однесувањето на Владата во однос на процесот е „премногу круто“ и може да предизвика сериозни последици за државата.
„Ако продолжиме со ваков пристап, не можеме да очекуваме стабилна европска иднина. Тоа може да нè доведе до длабока политичка и општествена криза“, изјави Снопче.
Тој предупреди дека евентуалната блокада на процесите може да доведе и до масовно иселување на граѓаните, кои би побарале државјанства и пасоши на други држави, бројка што, според неговите процени, може да достигне и стотици илјади.
„Тоа не е во интерес ниту на државата, ниту на нејзините институции. Време е да се постапи одговорно“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче: Ќе има криза и масовно иселување…
Пратеникот од Алијансата за Албанците, Халил Снопче,…
Митровски во Топ Тема: Ова ќе биде…
Почна судењето за несреќата во т.н. кабаре…
Несреќа на патот Валандово–Дојран: Еден загинат ,…
ешка сообраќајна несреќа се случила утрово на…
Коцевски за изјавата на Мицкоски: Тоа е…
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави…
Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по…
Поплави, одрони, спасувачка акција и отежнат сообраќај.…