Несреќа на патот Валандово–Дојран: Еден загинат , седум повредени мигранти од Кина

t

ешка сообраќајна несреќа се случила утрово на регионалниот пат Валандово – Дојран, при што животот го загубила жена од Кина, а седум други лица се повредени. Инцидентот бил пријавен во ОВР Гевгелија околу 04:20 часот, објави 4NEWS.mk.

Несреќата настанала кога товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка, со српски регистарски таблички и управувано од 52-годишниот С.М. од Србија, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, жената-мигрант починала на самото место, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Повредени се уште седум лица – сите мигранти од Кина, кои, според првичните информации, се наоѓале во приколката без знаење на возачот. Тролејвозачот С.М. е задржан во ЈЗУ Гевгелија за укажување медицинска помош.

Увид на местото бил извршен од екипа на ОВР Гевгелија во присуство на јавен обвинител, а истрагата за причините што довеле до трагедијата продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американските сили во подготвеност за можни удари…

Американските сили во подготвеност за можни удари…

„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…

Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…

ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…

Два танкера кои превезуваат дизел од руско…

Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…

(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…

Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…