Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка Дабовиќ-Анастасовска

t

Собранието денеска во рамки на 72. седница ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска заклучно со 31 декември оваа година. Уставната судијка не ја образложи својата оставка пред пратениците, а, како што информираа од Уставниот суд, ја поднесе од здравствени и лични причини.

Во писмото до Собранието, судијката наведува дека промени од втората половина на годината, од семејна природа, ја натерале да донесе одлука да се повлече од функцијата.

„Вршењето на функцијата судија на Уставниот суд за мене беше голема чест и одговорност. Се трудев да ја извршувам функцијата одговорно, со посветеност и професионалност. Но, поради непредвидените околности, сметам дека нема да можам да работам на предмети со целиот свој капацитет, кои најчесто не се од мојата потесна професионална определба на која сум се усовршувала цели 40 години“ – пишува Дабовиќ-Анастасовска.

Таа информира дека од 1 јануари 2026 година се враќа на професорската позиција на Правниот факултет при УКИМ.

Со заминувањето на Дабовиќ-Анастасовска, Уставниот суд останува со седум судии, што може да го отежни процесот на одлучување во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка…

Собранието денеска во рамки на 72. седница…

Анкетната комисија на Левица за Кочани закажана…

Левица ги смета за, како што велат,…

Пратеникот Илир Демири излезе од „Европскиот фронт“,…

Пратеникот Илир Демири го напушти политичкиот блок…

Исмаил: Власта го одби амандманот за зголемување…

На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот…

Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна…

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информираше…