Исмаил: Власта го одби амандманот за зголемување на породилното отсуство од 9 на 12 месеци
На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, го образложи амандманот на пратеничката група со кој се бараше зголемување на ставката за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, а со цел да се создадат услови породилното отсуство да се продолжи од сегашните 9 на 12 месеци. „Ова е и препорака на Светската здравствена организација. Првата година од животот на детето е клучна за неговото здравје и неговиот понатамошен развој,“ истакна пратеникот од Левица.
Тој посочи дека продолжувањето на породилното има силно позитивно влијание и врз здравјето на мајките. „Истражувањата покажуваат дека колку е подолго породилното отсуство, толку се помали случаите и на постпородилни ризици”, истакна тој.
Во своето обраќање тој потсети и на честата реторика на власта за наводна грижа за наталитетот. „Ако навистина сте загрижени за демографијата, очекувам поддршка бидејќи ова е директна стимулација“, порача пратеникот, но амандманот со којшто се предлагаше зголемување на средствата за да се обезбеди подолго породилно отсуство – беше одбиен без контрааргументи и образложение.
Инаку, Левица и претходно имаше поднесено Предлог-закон за зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, којшто беше одбиен без какво било образложение од страна на владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Уште не е исплатено породилно за јуни,…
Уште не е исплатено породилно за јуни,…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…