Собранието ја констатираше оставката на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски
Собранието денеска ја констатираше неотповикливата оставка на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Пред почетокот на 76. седница, собранискиот спикер Африм Гаши информираше дека Коцевски поднел барање за престанок на функцијата, со што расправата за негово разрешување станала беспредметна и таа точка на дневниот ред нема да се разгледува.
Коцевски претходно денеска преку итен допис до Собранието ја поднесе оставката, нагласувајќи дека од функцијата заминува со крената глава. „Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука и затоа денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија“, истакна тој.
Обвинителот посочи дека постапката за негово разрешување била правно неиздржана и дека причината за разрешувањето била тоа што јавно зборувал за лошите услови за работа и барал од извршната власт да ги подобри условите за функционирање на Обвинителството. „Сето ова се случуваше во услови кога извршната власт не ни обезбеди никакви услови за работа. Предлогот за мое разрешување верувам дека ќе се најде во следниот извештај на Европската комисија“, рече Коцевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието,…
„Собранието мора да одлучува за мигрантите а…
Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна…
Предлог за разрешување на државниот јавен обвинител…
Власта место да смислува изговори да се…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска оцени дека…
Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка…
Собранието денеска во рамки на 72. седница…
Анкетната комисија на Левица за Кочани закажана…
Левица ги смета за, како што велат,…