Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд

t

Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека Собранието сепак ќе расправа за доверба на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски иако првично беше во дилема дали да ја отфрли или барањето за интерпелација поднесена од ДУИ да им ја врати на доработка. Дилемата се однесуваше на тоа дека интерпелацијата беше за претседател на Уставниот суд, а Собранието не избира претседател на Судот, туку уставен судија. Во соопштението од кабинетот на Гаши нема образложение зошто иницијативата не ѝ ја вратил на ДУИ на корекција. Неофицијално, Гаши сметал дека и претседателот на Уставниот суд е избран од Собранието како уставен судија, кој пак, потоа Судот го избрал за претседател.

Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот и законите, ќе биде процесирана со целосно почитување на законите и демократските стандарди – се вели во писменото соопштение од Кабинетот на Гаши.

Тој се повикува на членот 47 од Деловникот на Собранието и член 72 од Уставот, дека пратениците имаат уставно загарантирано право да покренат интерпелација за работата на секој носител на јавна функција.

-Овие одредби не се предмет на слободно толкување, туку нивна примена. Претседателот на Собранието останува посветен на принципиелно и законито раководење, засновано врз уставниот поредок, институционалната непристрасност и доследно почитување на процедурите. Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот и законите, ќе биде процесирана со целосно почитување на законите и демократските стандарди – се вели во соопштението.

Од Кабинетот на Гаши посочуваат дека обезбедувањето на легалитетот и заштитата на институционалниот интегритет на Собранието не претставуваат само обврска, туку и темелен принцип на визијата на Претседателот за одговорно владеење.

СДСМ пак, соопшти дека информираа нема да ја поддржи интерпелацијата на Претседателот на Уставниот суд.

-Претседателот не го избира Собранието, туку се бира од страна на уставните судии, оттаму ниту правно формално оваа иницијатива не е издржана – велат од партијата.

Според СДСМ, интерпелацијата за Костадиновски може да се искористи исклучиво за дневно политички цели од страна на оние кои ја иницираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието утре избира нов министер за здравство

Собранието утре во рамки на 54. седница…

Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот…

Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека…

(Видео) Тепачка во бугарското собрание

Пратениците од десничарската партија Вазраждање предизвикаа уште…

Собранието во понеделник ќе го потврди новиот…

Предлозите на Владата за нов министер за…

Се плашат од протести: Пратениците здружено и…

Во Собранието е предложен закон со кој…